Хакими може да биде поголемо засилување за ПСЖ отколку Рамос (Видео)

Навивачите на Пари Сен Жермен се надеваа дека денеска против Орлеан ќе дебитира Серхио Рамос, но првиот меч на шпанската легенда во дресот на Светците ќе биде во некоја друга прилика. Утеха за фановите на ПСЖ е што во победата од 1-0 над Орлеан, гол даде едно друго летно засилување, мароканскиот бек Ашраф Хакими.

Некогашниот играч на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Интер, попладнево се појави во дресот на ПСЖ и веднаш покажа дека од него може да се очекува многу. Беше опасен, а го даде и единствениот погодок. Не настапија најголемите ѕвезди на парискиот тим кои имаа репрезентативни настапи.

Ова е првиот гол на Хакими за ПСЖ:

- Оглас -

Најнови вести