Халанд е златното момче на Европа, Кулушевски е шестти (Фото)

Ерлинг Халанад ја доби престижната награда „Голден бој“ во жестока конкуренција на најперспективните играчи во Европа, а Дејан Кулушевски, момчето со македонски корени заврши на шесттото место.

Халанд беше брилијантен и како играч на Салцбург, а продолжи со импресивните игри и во дресот на Борусија Дортмунд, па заслужено ја доби наградата.

Освои 302 гласа во трката на најголемите фудбалски таленти што настапуваат во Европа, 63 повеќе од Ансу Фати од Барселона.

На третото место е фантастичниот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис. Сенационалниот Канаѓанец доби 226 гласа. Во Топ-5 во изборот за престижната награда се и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд со 80 гласа и Камавинга од Рен со педесет гласови.

Веднаш зад нив е Кулушевски, а за него гласаа 41 во изборот на италијанскиот медиум „Тутоспорт“.

Golden Boy 2020 Top 10 Rankings from soccer

Нагрaдата се доделува од 2003 и прв победник беше Рафаел Ван Дер Варт, а ја имаат освојувано и Руни, Меси, Агуеро, Балотели, Погба, Геце, Стерлинг, Мбапе, Де Лихт, Жоао Феликс….

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести