Халанд го спаси Дортмунд во последен час (видео)

Борусија Дортмунд во последен час се спаси од пораз на гостувањето кај Келн, Халанд се погрижи за делбата на бодови при конечни 2-2. Младата ѕвезда на Милионерите одлично се снајде пред голот на домаќините и заби за израмнување во последната минута од регуларните 90.

https://streamable.com/yaswu5

Дортмунд сепак ќе има за што да жали со оглед на тоа дека поведе во натпреварот од 26-тото коло во Бундеслигата, токму преку Халанд на самиот старт.

Норвежанецот уште во третата минута отвори за рано водство на гостите, со одлична реализација го совлада голманот Хорн за негов 20-ти лигашки погодок сезонава. 

Келн најде начин како да се врати во игра, пеналот кој го реализира Дуда во 35-тата минута ги врати надежите на домашниот состав. Во неизвесната битка клучен беше моментот во 65-тата минута, одбраната на Дортмунд направи голем пропуст кој го искористи Јакобс да најави пресврт од 2-1 во корист на Келн, кој на крајот не се случи поради неприкосновениот голгетер на Милионерите.

Останати резултати Бундеслига 26-то коло:

Баерн Минхен 4-0 Штутгарт, Ајнтрахт Франкфурт 5-2 Унион Берлин, Вердер Бремен 1-2 Волфсбург.

- Оглас -

Најнови вести