Халанд кажа кој му е најубавиот гол во кариерата (Видео)

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, во едно интервју откри за кој погодок мисли дека му е најубавиот што го постигнал во кариерата. Младиот Норвежанец го одбра вториот гол кој го постигна во Дортмунд против Пари Сен Жермен, во осминафиналето од Лигата на шампионите. На тој меч Халанд даде два гола, вториот беше со силен шут од далечина.

„Најубавиот гол што сум го дал е вториот против ПСЖ. Ја сакам Лигата на шампионите“ – рече Халанд кој зимоска од австриски Салцбург каде се прослави, направи трансфер во германскиот клуб, и таму продолжи да ги тресе мрежите.

Сезонава тој даде 44 гола на 39 меча во сите натпреварувања на клупско ниво.

- Оглас -

Најнови вести