Халанд лут како ретко кога, не е задоволен со реми (видео)

Ерлинг Халанд ја покажа и својата темна страна во вчерашното реми од 2-2 меѓу Келн и Дортмунд. Норвежанецот со својот втор гол на средбата ги спаси Милионерите од пораз во последните неколку минути, а по мечот налутено веднаш се упати кон соблекувалната.

Дека не трпи ништо друго освен победа, Халанд покажа така што не се ни поздрави со противничките играчи, го фрли својот дрес кон еден фудбалер од Келн и нервозно го напушти теренот.

https://twitter.com/KZN22_/status/1373324328746549256

Реакцијата на Халанд е сосема оправдана ако се знае дека Дортмунд повторно киксна и заостанува во трката за пласман во Лигата на шампионите. По 26 кола, Дортмунд е петти на табелата со 43 бода, четири помалку од Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести