Халанд никогаш нема да заигра за Манчестер јунајтед поради бруталниот потег на Рој Кин во 2001 година

Ерлинг Халанд е еден од најпосакуваните фудбалери во Европа. Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд се очекува во летниот преоден рок да си замине од Борусија Дортмунд, но уште не се знае неговата следна дестинација. Иако има шпекулации дека Манчестер јунајтед е една од опциите, тоа е тешко остварливо, а легендарниот фудбалер Пол Инс, открива зошто е тоа така.

Инс се врати на ситуацијата на „Олд Трафорд“ од пред 20 години, кога во главна улога беа Рој Кин и таткото на Ерлинг, Алф-Инге Халанд. Кин и Халанд уште во 1997 година имаа еден инцидент кога Кин се повреди во дуел со Халанд, а Норвежанецот уште агресивно се нафрли мислејќи дека играчот на Манчестер глуми.

Кин цели четири години чекаше за одмазда и тоа го дочека во 2001 година. На еден дуел меѓу Јунајтед и Сити, Кин крвнички отиде директно на ногата на Халанд и го повреди. Таа повреда едноставно беше  крајот на кариерата на Алф-Инге.

„На Јунајтед му треба нов напаѓач, но ситуацијата со Халанд е многу сложена поради инцидентот што неговиот татко го имаше со Рој Кин на „Олд Трафорд“. Не гледам како тој би можел да заврши во Манчестер токму поради таа ситуација. Доколку Манчестер не обезбеди место во ЛШ тогаш нема ни теоретски шанси Ерлинг да дојде во клубот“, вели Инс.

- Оглас -

Најнови вести