Халанд откри која е неговата цел: Да освои титула со Борусија Дортмунд

Ерлинг Браут Халанд е откритието на сезоната во Европа. Фудбалерот кој започна во дресот на Салцбург, во зимскиот преоден рок направи трансфер во Борусија Дортмунд, а уште 10-тина клубови „се тепаа“ да го видат во своите редови.

Младиот 20-годишен голгетер својата класа ја покажа во дресот на Салцбург, кога воодушеви со игрите во Лигата на шампионите, а потоа како играч на Борусија Дортмунд само потврди дека се работи за врвен фудбалер. Иако може слободно да избере и да замине во уште поголем клуб, Халанд јасно најави дека неговата цел е да се радува на успеси во дресот на Милионерите.

„Имам повеќегодишен договор со Борусија Дортмунд кој важи до 2024 година. Моја цел е да останам во клубот и да освојам титула и да прославиме заедно со нашите фантастични навивачи. Имаме квалитет да бидеме прваци, но мораме да продолжиме да се подобруваме затоа што треба да го стигнеме Баерн Минхен, кој е константен“, вели Халанд.

Играчот кој блесна сезонава даде 44 гола во 40 меча во сите натпреварувања, а се очекува уште повеќе да напредува во следните сезони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести