Халанд откри што се напил на полувремето пред да даде четири гола за 32 минути

Борусија Дортмунд со пресврт славеше убедлива победа на гости во Берлин против Херта со 5:2, во меч кој ќе се памти во Бундеслигата по две работи. Ерлинг Халанд имаше блескаво второ полувреме кога за само 32 минути успеа да постигне четири гола, па негативата на неговиот тим од полувремето, ја претвори во убедлив триумф.

Запрашан за тоа што се случи во соблекувалната на полувремето, Халанд откри дека пиел енергетски пијалок.

„Да бидам искрен на полувремето се напив енергетски пијалок кој едноставно како да ми даде крилја. Потоа се беше во ред. Акцијата за првиот гол беше убава. И вториот погодок беше добар. На третиот гол помислив дека сум во офсајд, но и тој погодок имаше своја убавина“, рече Халанд.

Ѕвездата на Борусија играше до 85 минута кога беше заменет со Јусуф Мукоко. Toa e момчето кое пред два дена наполни 16 години, а веќе синоќа влезе во историјата на Бундеслигата како најмладиот фудбалер што заиграл во елитната германска лига. Халанд имаше само пофални зборови за неговиот помлад колега.

„Мукоко е најголемиот фудбалски талент во светот. Уживам кога играм со него. Има само 16 години и пред него е сјајна кариера. Многу е подобар од тоа што бев јас на негови години. Среќни сме што е дел од Борусија Дортмунд“, додаде Халанд за новото чудо од дете.

Мукоко е момче кое во У19 тимот на Борусија, во 17 натпревари има постигнато дури 44 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести