Халилхоџиќ попушти малку – Врати две ѕвезди во составот на Мароко, но го нема главниот бунтовник од Челзи (Фото)

Вахид Халилхоџиќ попушти и врати две марокански ѕвезди во националниот тим за пријателскиот меч со САД и два квалификациски против Јужна Африка и Либерија за настап на Африканскиот куп на Нации што ќе се игра следната година.

Изненадувачки на листата со 25 повикани фудбалери за јунската фудбалска сесија го нема Хаким Зијеш, главниот бунтовник во таборот на мариканскиот национален тим.

Тука се Нусаир Мазрауи и Абел Тарабт, но Зијеш не е на списокот. Халилхоџиќ има ултиматум од челниците на мароканската фудбалска федерација да врати неколку фудбалски ѕвезди за Мундијалот во Катар што ќе се игра во ноември и декември оваа година.

Morocco’s squad list for upcoming friendly against USMNT and two AFCON2023 qualifiers against South Africa and Liberia from soccer

Селекторот рекордер што одведе дури четири различни репрезентации на Светско првенство првично не попушташе, но под закана за отказ одлучи да ги врати Мазрауи и Тарабт, а веројатно и Зијеш ќе игра на Мундијалот.

Играчот на Челзи најтешко го прифаќа помирувањето со популарниот Ваха и изјави дека нема да се поздрави со него, ако го повика да игра на Светското првенство во Катар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести