Хамес по вторпат стана татко, но која е мајката на детето?

Хамес Родригес, фудбалерот на Реал Мадрид, на социјалните мрежи се пофали дека денеска станал татко на машко дете кое ќе се вика Самуел. Колумбиецот доби честитки од многу свои соиграчи од Реал и репрезентацијата, но тој нема жена, ниту официјална девојка, па се поставува прашањето која жена го роди детето.

Хамес во минатото беше оженет со Даниела Оспина, со која ја има шестгодишната ќерка Саломе, но од пред две години е разведен со неа.

Додека играше во Баерн Минхен, при една прослава на титулата се фотографираше со венецуелската манекенка Шенон да Лима и се зборува дека таа му роди дете. Засега нема официјална потврда дека Шенон е мајка на Самуел, но речиси сигурно е таа.

Инаку, Венецуелката од 2014 до 2017 година беше во брак со пејачот Марк Ентони, има 12-годишен син од брак со венецуелски актер, и три години е постара од фудбалерот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести