Хамилтон најбрз на квалификациите за спринтот на неговата домашна патека

Британскиот Формула 1 пилот, Луис Хамилтон, ја израдува домашната публика откако беше најбрз на квалификациите за спринт трката во Силверстоун, во Велика Британија.

Седумкратниот Ф1 шампион кој во кариерата има дури девет победи на трки на патеката Силверстоун, имаше најдобро време и на тренинзите и на квалификациите за спринтот, најавувајќи дека неговото Ферари е спремно за високи дострели викендов.

Втор на спринтот ќе стартува водечкиот во генералниот пласман Кими Антонели од Мерцедес, кој имаше минимално заостанување зад Хамилтон од само 11 илјадитинки. На трето и четврто место се Макс Ферстапен односно Шарл Леклер, а во третиот ред се Британците Расел и Норис.

- Оглас -

Најнови вести