Хамилтон потврди дека нема симптоми, па воодушеви со хуманиот гест

Новата сезона во Формула 1 требаше да почне минатата недела со трката за Големата награда на Австралија, но стартот на сезоната е одложен откако се потврди дека еден член на Мекларен тимот е заразен со коронавирусот. Сè уште е непознато кога сезоната ќе започне, додека возачите се вратија во своите домови за да ја почитуваат препораката за самоизолација.

Светскиот првак Луис Хамилтон, се обрати на јавноста преку „Инстаграм“ по шпекулациите дека тој е меѓу заразените од вирусот Ковид-19. Британецот нема симптони, но веќе извесно време е во карантин, а со хуманиот гест ги воодушеви сите.

„Имаше доста шпекулации околу моето здравје откако бев присутен на настан каде што имаше заразени од коронавирусот. Можам да кажам дека немам симптоми и сум во изолација. Добро се чувствувам и тренирам двапати дневно. Контактирав со тимскиот лекар и го прашав дали треба да се тестирам, тој ми кажа дека нема потреба. Затоа, тестовите кои ги имам ќе ги донирам на оние кои имаат потреба, бидејќи знам дека во Велика Британија има ограничен број на тестови. Се надевам дека ќе помогнам на некого“, истакна Хамилтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести