Египет и Австралија по 90 минути игра не се победија, резултатот е 1-1, и ова 16-финале на Светското првенство оди во продолженија.
Голот за Австралија беше автогол на несреќниот Мохамед Хани, кој стана само вториот во историјата на мундијалите со два автогола на едно СП. Претходно, ваков малер му се случило само на Иван Вуцов од Бугарија во 1966.
Египќаните сакаа да избегнат играње дополнителни 30 минути бидејќи нивната прва ѕвезда Мо Салах не е целосно фит и прашање е дали повредата му дозволува да игра 120 минути, а не би сакале во екстра периодот или евентуалните пенали да бидат без него.

