Хаос е во Мелбурн: Ѓоковиќ тргнува против сограѓанин, ама и ја чека одлуката за депортација

Новак Ѓоковиќ ги дозна своите противници за овогодишното Отворено првенство на Австралија, секако, доколку настапи.

Српскиот рекет број еден, нормално е и носител број еден на овој гренслем, но воедно е и во исчекување на одлуката на министерот за имиграции, Алекс Хок, која според австралиските медиуми таа веќе е донесена и Новак треба да биде депортиран во периодот што претстои.

Сепак, тоа не му пречеше на организаторот да го објави ждребот каде што во првото коло ќе се сретне со својот сограѓанин Момир Кецмановиќ. Во второто коло тој ќе оди против еден од квалификантите и Американецот Томи Пул.

Во третото коло, најозбилен кандидат на Новак може да биде Лоренцо Сонего или пак Американецот Сем Квери. Додека во четврттото се истакнува Гаел Монфилс, а тука се и Александар Бублик или Кристијан Гарин.

Во четвртфиналето најверојатно ќе се соочи со некој од Матео Беретини, Кристијан Нури, Пабло Карењо Буста или Карлос Алкараз.

Во полуфиналето, пак, противник ќе му биде некој од Александар Зверев, Рафаел Надал, Денис Шаповалов, Карен Хачанов.

Сепак, сето ова останува под знак прашање и во очекување на одлуката на министерот за имиграции, а според последните информации, најавено е и обраќање на премиерот на Австралија, Скот Морисон, во наредните часови.

- Оглас -

Најнови вести