Хаос е во Шпанија – Никој не знае каде е телото на Лоренцо Санс

Лоренцо Санс почина на 21. март, а неговото семејство се уште очекува информација од шпанските власти, кога и дали е кремирано телото на поранешниот претседател на Реал Мадрид.

Ситуацијата со Коронавирусот во Шпанија е исклучително лоша и хаотична, па не се знае се уште каде е мртвото тело на човекот што му донесе две титули на најтрофејниот европски клуб.

„На 24. март ни рекоа дека ќе не информираат дали мојот татко е кремиран, или не. Се уште не знааме што се случува. Бевме во Крематориумот, но таму е хаос, има премногу починати луѓе. Се уште чекаме информација, а веќе минаа неколку денови“, изјави синот на Санс.

Лоренцо почина на 21. март, неколку дена откако беше објавено дека е заразен со Коронавирус. Поранешниот претседател на Реал Мадрид, кој беше прв човек на кралскито клуб од 1995 до 2000 година, им се радуваше на две од вкупно 13 титули што беа освоени во неговата ера.

- Оглас -

Најнови вести