Хаос во Арсенал, не се знае кој е главен тренер

Само со една победа во последните пет меча, Арсенал влезе во лоша серија, што резултира и со незадоволство на тренинзите. Топчиите имаат двојно помалку бодови од лидерот Ливерпул, а прв на удар е тренерот Унаи Емери. Навивачите јавно негодуваат за работата на шпанскиот стратег, а тоа се пренесува и за време на работата во тренинг-кампот.

Според англиските медиуми, фудбалерите сè повеќе разговараат со помошникот Фреди Љунберг, а Емери едноставно е ставен на дистанца. Љунберг е поранешен играч на Топчиите, а многу веројатно е дека играчите повеќе му веруваат на Швеѓанецот, отколку на тренерот Емери.

Арсенал утре ќе игра на гости во Виторија против Гимараиш во меч од Лигата на Европа. Топчиите барем во ова натпреварување може да се пофалат дека се одлични и засега имаат максимални девет бода од три меча.

 

- Оглас -

Најнови вести