Хаос во Баерн: Тренерот ја тргна ѕвездата од првиот тим, директорите ургираа да се врати назад

Тензиите во соблекувалната на Баерн Минхен не стивнуваат и сега на удар е новиот тренер Томас Тухел, чии кадровски одлуки ги преименуваа директорите на клубот.

Не е тајна дека токму соблекувалната, односно најискусните играчи, на чело со капитенот Мануел Нојер го сменија претходниот тренер Јулијан Нагелсман, а сега друга икона на тимот, Томас Милер, му се налути на тренерот Тухел.

Тухел одлучи на два од последните три меча во Бундеслигата да го седне на клупата за резервни играчи дотогаш недопирливиот Милер и тоа воопшто не му се допадна на фудбалерот.

Весникот „Билд“ пишува дека бил вршен притисок врз Тухел од страна на управата да го врати Милер во првиот тим и тоа се случи изминатиот викенд, кога Баерн со 6:0 го совлада Шалке, а токму фудбалерот постигна еден гол.

„Билд“ открива дека Милер, незадоволен од минутажата и приказните дека налето ќе го напушти Баерн Минхен, организирал состанок со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и извршниот директор Оливер Кан без присуство на тренерот Тухел. На средбата му било ветено дека ќе игра во првиот тим и тоа ќе му биде пренесено на тренерот.

Веднаш потоа се огласи и претседателот на Баерн, Херберр Хајнер, кој за медиумите изјави дека Милер му е неопходен на Баерн.

На овие зборови и потези на управата, Томас Тухел иронично изјави дека не може да им се спротивставува на сопствениците, а медиумите шпекулираат дека налето челниците на Баерн ќе мора да изберат, или тренерот или Милер ќе мора да си заминат од „Алијанц арената“.

Баерн Минхен на две кола до крајот на сезоната има еден бод предност пред Борусија Дортмунд, но во следното коло игра против третопласираниот Ред Бул Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести