Хаос во Буенос Аирес, сите сакаат да се доближат до ковчегот, полицијата употреби солзавец (Фото+Видео)

Ковчегот со телото на Диего Марадона е во „Каса Росада“, која е зграда на Владата и претседателска резиденција, па голем број фанови сакаат да се простат од својот идол, но некои од нив се нетрпеливи што побрзо да влезат. Во тие мешаници како пред влез на стадион, се случија инциденти со полицијата, која го регулира јавниот ред и мир и целата околина.

Имало и повредени, а полицијата користела и солзавец за да ги смири хулиганите.

Во Аргентина е прогласена тродневна жалост, а на погребот на Марадона се очекува да има над 1 милион луѓе, што ќе биде многу тешко да се организира и да се контролира. Освен што нема да се почитуваат прописите за заштита од корона-вирусот, можно е да има и големи инциденти.

Откако ќе влезат во зградата на Владата, фановите засега се однесуваат коректно и со песни и аплаузи го поздравуваат човекот кој ќе остане запишан во историјата на фудбалот како еден од најголемите.

- Оглас -

Најнови вести