Хаос во Динамо, разрешен тренерот, критики до играчите

Динамо Загреб го отпушти стручниот штаб на чело со главниот тренер Ненад Бјелица, со што само се продлабочи кризата откако тренерот и играчите не прифатија кратење на платите, за што беа жестоко критикувани од јавноста во Хрватска. Најмногу напади имаше кон македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој е капитен, и Хрватите сметаат дека требало да ги убеди колегите дека треба да добијат помали плати.

Вака и се скараа со управата, и ќе им бидат намалени платите, и останаа без тренерот кој успешно си ја вршеше работата.

Фудбалерите испратија соопштение во кое тврдат дека проблемот не е во тоа што ќе им бидат скратени примањата, туку проблем е што не биле прашани за ништо и не им било кажано за едностраната одлука. Тие сметаат дека управата се обидува да ги сврти навивачите против играчите, а за верноста на Адеми кон Динамо се заборава дека тој играше повреден во Лигата на шампионите и зимоска одби богати договори.

- Оглас -

Најнови вести