Хаос во Интер, Спалети шокиран од односот на Икарди

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, рече дека планирал да го земе Мауро Икарди во составот кој ќе гостува кај Рапид Виена во Лигата на Европа, но Аргентинецот постапил непрофесионално и одбил да патува, па затоа нема да биде дел од „нераѕурите“ на вечерашниот меч.

Проблемите во Интер околу нивниот главен напаѓач почнаа кога од клубот јавно обелоденија дека за нов капитен на тимот е наименуван голманот Самир Хандановиќ. Оваа информација го разлути досегашниот капитен Икарди, кој знае дека оваа мерка е преземана откако не успеваат преговорите околу новиот договор. Потоа беше кажано дека Икарди го нема на листата на патници, а Спалети кажа и зошто.

„Менувањето на капитен е тешка и болна одлука, но за доброто на тимот. Икарди беше повикан да игра со Рапид, но по ручекот ни кажа дека не сака да настапи. Сега мислиме само на мечот кој е многу важен, а во наредните денови ќе разговараме и ќе одлучиме дали ќе има казна“, рече Спалети, кој верува дека Лаутаро и Тардини може да го покријат отсуството на Икарди.

- Оглас -

Најнови вести