5.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Хапоел подобар од Партизан, повеќе поени од Срби имаше израелскиот отколку српскиот тим

Хапоел Тел Авив, кој е изненадувачки лидер на табелата во Евролигата по седум кола, вечерва во Софија го победи Партизан со 97-84, и тоа благодарение на ефикасната игра во второто полувреме, во кое израелскиот тим постигна 54 поени.

Кај Партизан, дебитираше новиот центар Бруно Фернандо со 6 поени и три скока за 13 минути на паркетот, но фали повредениот Карлик Џонс на надворешните позиции како што фалеа поени од домашните играчи. Србите постигнаа вкупно 9 поени за Партизан, а кај Хапоел 10 поени даде Србинот Василије Мициќ.

Така Димитрис Итудис извојува нова победа над својот кум и некогашен ментор и учител, Жељко Обрадовиќ.

- Оглас -

Најнови вести