Хари Кејн неизвесен за дуелот со Реал во ЛШ?

Мартовската репрезентативна пауза донесе повеќе штета отколку корист за Баерн Минхен, а дефинитивно лоша е веста за повредата на Хари Кејн.

Голгетерот на Англија почувствувал непријатност на тренингот пред натпреварот против Јапонија, поради што не беше дел од тимот.

Селекторот Томас Тухел, кој веќе го одмори Кејн во дуелот против Уругвај, реши да не ризикува и за секој случај го остави Англичанецот надвор од протоколот.

Кејн се врати на теренот во средината на март, откако пропушти две средби за Баерн поради повреда на листот. Сега германскиот великан се соочува со предизвик дали воопшто ќе го подготви напаѓачот за претстојните дуели против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар е закажан за вторник навечер, но сите детали ќе станат појасни во петок, кога тренерот Венсан Компани ќе се обрати пред медиумите околу гостувањето кај Фрајбург во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести