Хари Кејн презадоволен по новиот трофеј: „Го имаме најдобриот тим во светот и врвен тренер“

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, изјави дека нема причина следната година да го напушти клубот. Англичанецот настапува за баварскиот гигант од 2023 година. Договорот на 32-годишниот фудбалер со германскиот клуб важи до летото 2027 година.

„Навистина се чувствувам удобно тука. Имаме фантастичен тим – еден од најдобрите, ако не и најдобриот во светот во моментов. Имаме врвен тренер. Уживам во времето што го поминувам тука, ситуацијата е мирна. Решивме да ја завршиме сезоната, можеби и Светското првенство, а потоа ќе разговараме. Мислам дека и двете страни се задоволни една од друга. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Кејн по победата над Штутгарт.

Со Баерн, напаѓачот освои две титули во Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија. Во сезоната 2025/26, Кејн одигра 51 натпревар во сите конкуренции, на кои постигна 61 гол и забележа 7 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести