Шкендија и АИК пак ќе даваат голови, Алиоски е поблиску до финале од Шумуликовски

6022 ХЈК Хелсинки – Марибор (Квалификации за Лигата на Европа, 18 часот)

И за двете екипи, зависно од тоа која ќе ја мине оваа пречка, настап во последната квалификациска рунда за учество во Лигата на Европа може да биде солидна утеха, откако не успеаја да останат во игра за Лигата на шампионите.

Хелсинки како првак на Финска не беше ни блиску и беше елиминиран од П’лзењ убедливо со вкупен резултат 7:2.

Марибор како шампион на Словенија нема среќа и испадна од Шериф само со еден примен гол, а и тој го примија во 88-мата минута во реваншот во Молдавија.

Словенците сега се далеку и од Лигата на Европа, откако загубија од ХЈК со 0:2 на свој терен, па на реваншот денеска нема што да бранат.

Гостите мора да напаѓаат и да дадат минимум два гола, а Хелсинки и на првиот меч покажа дека има опасни контри, па типуваме дека ќе има голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.98)

 

6023 Словачко – Фенербахче (Квалификации за Лигата на Европа, 19 часот)

Езџан Алиоски е многу поблиску до успех од Величе Шумуликоски и секако Фенербахче е голем фаворит за вкупна победа од Словачко.

Турскиот тим за кој неодамна потпиша Алиоски, го доби првиот меч дома со 3:0, па на Шумуликоски, кој е спортски директор на Словачко, и на неговите играчи ќе им биде исклучително тешко да направат подвиг.

Ако нешто е добро за чешкиот тим, тоа е укинувањето на правилото за повеќе голови на гости, бидејќи така ќе им требаше победа од четири разлика за подвиг или од 3:0 за продолженија.

Сега, откако УЕФА одлучи да го укине правилото старо 55 години, Словачко со секоја победа од три разлика ќе обезбеди продолженија, но и тоа изгледа како невозможна мисија.

Ако сакаат да се надеваат на чудо на домаќините, им треба барем еден гол во првото полувреме, па ќе одиграме 1+1, односно дека во двете полувремиња ќе има голови.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.68)

 

6847 Твенте – Чукарички (Квалификации за Конференциската лига, 19 часот)

Твенте е во топ-форма на почетокот на новата сезона, а веќе 9 натпревари нема пораз, вклучувајќи и од ланскиот шампионат во Холандија и од ова лето како подготвителни мечеви и настап во квалификациите во еврокуповите.

Беше подобар ривал од Чукарички на првиот меч и славеше со 3:1, па некогашниот првак на Холандија и финалист во УЕФА купот е голем фаворит за настап во завршниот двомеч за настап во Конференциската лига.

Чукарички не играше толку лошо на првиот меч, но прими три гола во првото полувреме и потоа беше доцна за некаков позитивен резултат.

И двете екипи играат отворен фудбал и пак очекуваме најмалку 3 гола и да ги има во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.45)

 

6853 Ѓургарден – Сепси (Квалификации за Конференциската лига, 19 часот)

Ѓургарден лесно го победи ривалот од Романија, и тоа на гости со 3:1 и е на прагот на финалето во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Шведскиот гигант има импресивна серија од 11 меча без пораз, последниот го претрпе во мај годинава, а во серијалот успешни настапи има 9 победи и две ремија.

Со блескавите партии фудбал стигнаа на прагот на титулата во Шведска, којa би им била 13-та, а претходно имаат прекрасна шанса да го елиминираат Сепси и да стигнат само на еден двомеч до настап во фаза по групи во Конференциската лига.

Предлог тип: 1&1+I (2.25)

 

6859 Шкендија – АИК (Квалификации за Конференциската лига, 20 часот)

И АИК како и Ѓургарден има шанса за титулата во Шведска, но сега има поголеми мак, откако се потврди дека Шкендија не е наивен ривал.

Тетовци имаат одлично реми, 1:1 од првиот меч и како што играат, не би било изненадување да го елиминираат 12-кратниот шведски првак.

Сепак, далеку од тоа дека ова ќе биде лесен реванш-меч, па Шкендија мора многу да внимава бидејќи гостите индивидуално имаат поквалитетни играчи од калибарот на Гвидети, Стефанели, ветеранот Себастијан Ларсон…

Шкендија примаше најмалку по еден гол на последните четири меча, но и постигнуваше многу голови, а АИК ако сака да оди понатаму, мора да атакува, па типуваме Гол-гол.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

- Оглас -

Најнови вести