Хендикеп кој Барселона мора да го искористи

Барселона вечерва (21 часот) ќе оди по бодови на тешкото гостување кај Реал Сосиедад во рамките од 28-то коло во Ла Лига. Каталонците треба да триумфираат за да го одржат чекорот со водечките Атлетико и Реал Мадрид, а таа мисија им е олеснета поради една причина.

Давид Силва, најискусниот во редовите на Сосиедад, вечерва нема да настапи поради што има проблеми со повреда на грбот. Шпанскиот плејмејкер се здоби со повредата минатиот викенд и не е во можност да му помогне на својот тим.

Без него, Сосиедад ќе има тешка задача да ја прекине лошата серија против Каталонците, кои на последните пет гостувања на „Аноета“ трипати се радуваа на победа.

- Оглас -

Најнови вести