Хендикеп за Милевски пред мечот против Израел

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, се соочува со хендикеп во пресрет на мечот против селекцијата на Израел У-21 во квалификациите за ЕП 2021.

Централниот дефанзивец Агрон Руфати, еден од клучните играчи на Милевски, се здоби со повреда на денешниот тренинг и ќе го пропушти претпоследниот меч од евроквалификациите, кој е закажан за 12 ноември.

Руфати го пропушти и претходниот дуел против Израел поради суспензија, Милевски беше среќен што за стоперот се врати во селекцијата за последниот циклус, меѓутоа Руфати и овојпат ќе отсуствува од стартните 11.

Дополнително ќе се знае дали Руфати ќе биде подготвен за мечот против Црна Гора, последен од квалификациите, кој е закажан за 17 ноември.

- Оглас -

Најнови вести