Хенли му прави друштво на Вокер, Премиерлигата вторпат почна со автогол (Видео)

Стоперот на Норич, Грант Хенли со автогол ја најави новата сезона во Премиерлигата, а ова е само втор случај во историјата на ова натпреварување, премиерниот меч во сезоната да почне со автогол.

Ливерпул поведе со 1:0 во седмата минута, по несмасната реакција на Хенли, кој сега му се приклучи на Кајл Вокер. Бекот на Манчестер сити во сезоната 2015/16, тогаш како играч на Тотенхем сам си ја затресе мрежата на првиот меч во сезоната против Манчестер јунајтед и досега беше единствиот во таа категорија.

На Норич му се заканува вистинска катастрофа и губи со 0:4 по првото полувреме на „Енфилд Роуд“ на премерниот меч во најсилната англиска лига.

https://www.youtube.com/watch?v=QLbPaGfX2fw

- Оглас -

Најнови вести