Херојот на Баерн има само 24 години, а веќе има 20 трофеи

Кингсли Коман е неочекуваниот херој на Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите откако младиот Французин го постигна погодокот вреден европска титула за германскиот гигант. Коман е играч кој кариерата ја започна во ПСЖ, но вели дека е професионалец и едноставно е многу среќен што на Баерн му ја донесе најзначајната титула.

Крилниот играч има само 24 години, а веќе може да се пофали дека има 20 трофеи во кариерата. Откако заигра како професионален играч, Коман секоја година е првак на својата земја. Како играч на Баерн Минхен тој има пет титули во Бундеслигата и по три Купа и Суперкупа на Германија. Како играч на Јувентус се радувал на две титули во Серија А и по еден Куп и Суперкуп. Со ПСЖ, Коман има две титули во француското првенство и по еден трофеј во Суперкупот и Лига купот на Франција. Со синоќешната титула во Лигата на шампионите, Коман стигна до 20-тата титула во неговата кариера.

Рекорден по бројот на титули во светот на фудбалот е Дани Алвес, кој има освоено 40 трофеи во кариерата. Голот на Коман вреден европска титула може да го погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести