Херојот во победата над Манчестер ј: Притисок е да работиш три работи за да имаш пристоен ручек за Божиќ

Трој Дини цели осум месеци немаше постигнато гол во Премиер лигата, а таа лоша серија заврши вчера на мечот против Манчестер јунајтед. Голгетерот на Ватфорд погоди од пенал и ја потврди победата од 2:0. И покрај триумфот, Ватфорд остана на дното на табелата само со 12 бодови.

Дини објасни дека немал притисок за да го прекине постот без погодок и се потсети на тоа како му било кога бил дете.

„Вистински притосок беше кога ја гледам мајка ми како одеше да работи три различни работи, за да ни обезбеди пристојна вечера за Божиќ. Ова е само фудбал“, рече Дини, кој со оваа изјава само потсети дека не ги заборавил деновите кога бил сиромашен и кога морал да гледа како неговата мајка буквално се мачи да ги прехрани.

 

- Оглас -

Најнови вести