Хет-трик на Икарди во најава, Ванда повторно е трудна?

Некои медиуми шпекулираат дека сопругата на Мауро Икарди, Ванда, повторно е трудна.

Само неколку недели откако Ванда најавуваше дека дефинитивно се разведува од фудбалерот на Галатасарај, кому му е и сопруга и агент, а потоа разменуваше нежности со раперот Л-Ганте, со кого сними и спот, сепак Ванда и Мауро повторно се заедно.

Беа на одмор на Малдивите, а по завршувањето на „мини медениот месец“, се зборува и дека Ванда е бремена. Ванда има пет деца, и тоа три сина од првиот брак со фудбалерот Макси Лопес и две ќерки од бракот со Икарди, кој му ја „украде“ жената на Макси, со кого дотогаш беа блиски пријатели и колеги. Можеби и Икарди сака свој син, па оди на трето, а за Ванда шесто дете.

Но, оваа аргентинска семејна сапуница не може без заплети и пресврти. Икарди објави една интимна фотографија на која страсно се бакнуваат со Ванда, а таа му се налути и смета дека таквите слики треба да останат во приватна архива и не се за јавност.

- Оглас -

Најнови вести