Хетафе ја заврши најцрната серија во шпанскиот фудбал, па му подари победа на Атлетико (Видео)

Хетафе и по шест кола нема ниту еден бод сезонава во шпанската Ла Лига, а најголеми виновници за тоа се некогашните членови на Барселона, Карлос Алења и Луис Суарес. Ова е трет меч сезонава на кој Атлетико дава гол во 90-та минута или во судиското продолжение.

Хетафе над 1.700 минути немаше дадено гол во дуелите со Атлетико, цела деценија и 20-меча чекаа погодок против Јорганџиите, а Стефан Митровиќ го постигна вечерва благодарение и на грешката на голманот Јан Облак во финишот на првото полувреме.

Сепак, во 74-та минута Алења, кога доби црвен картон, мечот тргна во лош правец за помалиот мадридски клуб. Со играч помалку, Хетафе не успеа да се одбрани, па со два гола на Луис Суарес, актуелниот шпански првак успеа да освои три бода за привремено преземање на првото место на табелата.

Ова е голот на Хетафе, кој, за нивна жал, не беше доволен за првиот бод сезонава:

- Оглас -

Најнови вести