Хетафе се бранеше, Реал промашуваше

Реал Мадрид ремизираше на гости кај Хетафе во мечот кој се одигра без голови комплетирајќи го 34-тото коло во Ла Лига. Избраниците на Зинедин Зидан доминираа против амбициозната екипа на Хетафе, но се успеаја да најдат решение и останаа без два бода.

Шанса израмнување на рекорд на Лионел Меси пропушти Карим Бензема. Французинот можеше да биде четвртиот фудбалер кој постигнал девет гола во низа во шпанскиот шампионат.

Реал во 12 наврати се закани кон голот на Сорија, а залуден беше и убедливиот посед на топка на Кралевите. За Тимот од „Сантијаго Бернабеу“ ова е петто реми сезонава, па со вкупно 65 бода останаа на третото место, додека Хетафе со освоениот бод има вкупно 55, исто колку и Севилја и се на делба на четвртата позиција.

Претходно Вилјареал славеше на гости кај Реа Сосиедад со минимални 0-1 благодарени на погодокот на Морено во 85-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести