Хилд со „кралска тројка“ го смрзна Детроит (Видео)

Бади Хилд од Сакраменто кингс е ѕвезвда на вечерта во НБА лигата, откако со тројка од речиси невозможна позиција во последната секунда, му донесе победа на својот тим на гостувањето кај Детроит пистонс. Гостите изведоа аут од страна на 3,4 секунди до крајот при водство на Детроит од 101-100, топката дојде до Хилд, кој успеа некако да се ослободи од чуварите, ја исфрли топката и таа заврши низ обрачот.

Хилд имаше меч за паметење, даде 35 поени со седум тројки од двеет обиди.

„Благословен сум. Како дете сонував дека ќе играм во НБА и ќе погодувам вакви шутеви со звукот на сирената. Овој кош ќе го паметам до крајот на животот. Се лизнав, но успеав да се задржам и меѓу тројцата противнички играчи да шутнам“ – рече Хилд.

Никола Јокиќ за 28 минути игра го направи шестиот трипл-дабл сезонава, и на Денвер му донесе лесна победа над Кливленд. Џејмс Харден со 48 поени (19-ти меч по ред дава над 30 поени) беше предводник на Хјустон во триумфот над ЛА Лејкерс, по продолжение од пет минути. Ерик Гордон придонесе со 30 поени (даде тројка за изедначување во регуларниот дел) за победата на „ракетите“ кои во текот на мечот губеа и со 21 поен разлика. Лејкерс играше без Леброн Џејмс и Реџон Рондо, а им се повреди и Кајл Кузма.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Сакраменто 101:103, Индијана – Далас 111:99, Орландо – Милвоки 108:118, Атланта – Бостон 105:113, Торонто – Мемфис 119:90, Чикаго – Мајами 103:117, Хјустон – ЛА Лејкерс 138:134, Денвер – Кливленд 124:102.

- Оглас -

Најнови вести