Хит снимка – Дончиќ џабе скока, не може да му ја земе топката на Марјановиќ (Видео)

Еден навивач на Далас маверикс од трибините го снимаше загревањето на неговиот омилен НБА тим, и фати еден многу интересен момент кој стана хит на социјалните мрежи.

Србинот Бобан Марјановиќ кој е висок 222 сантиметри и има многу долги раце, го зеде баскетот и ја крена раката, а Лука кој нема ниту два метри висина, скокаше по топлата и се обидуваше да ја дофати, но не успеваше. Ова делуваше како игра на возрасен и дете. Немаше лутење, двајцата се добри пријатели и потекнуваат од иста земја, па само најдоа начин да се забавуваат.

Погледнете како изгледа кога феноменот Дончиќ нема да успее да направи нешто:

- Оглас -

Најнови вести