Холандска легенда со два збора објасни на што личи Вернер кога игра

Тимо Вернер, засилувањето на Челзи од минатото лето, речиси цела сезона се мачи да ги оправда средствата кои беа издвоени за него за да се пресели на „Стемфорд бриџ“. Од германскиот репрезентативец многу се очекуваше, но дебитантската сезона во синиот дрес ќе ја памети по бројни епски промашувања и слаби партии, а особено омилен стана во Македонија по големата утка во поразот на Германија од 1-2 против нашите Рисови во мундијалските квалификации минатиот месец.

Холандската легенда Рафаел ван дер Варт само со два збора го опиша Вернер и неговите партии за Челзи и реално кажан,о не е далеку од вистината.

„Вернер е прилично експлозивен фудбалер, а таква брзина е најкорисна кога екипата се брани и чека да нападне преку контри. Но, факт е дека Тимо не ја користи најдобро неговата брзина бидејќи не трча како што треба. На теренот ми делува како слеп коњ, така играше во Лајпциг, а тоа го прави и за Челзи и за германската репрезентација“, посочи Ван дер Варт.

Вернер сезонава има двоцифрен учинок од 10 гола и 11 асистенции во вкупно 41 настап во сите натпреварувања, но во лигашки рамки брои само пет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести