Холанѓаните сакаат Гвардиола да им биде селектор

Легендата на холандскиот фудбал Роналд Де Бур, смета дека Хосеп Гвардиола е идеален наследник на Роналд Куман како селектор на Лалињата.

„Ќе биде одлично за Холандија бидејќи Пеп е совршен. Остави одличен впечаток во сите тимови што ги водеше. Секогаш игра офанзивен и доминантен фудбал, а неговиот тим не му ја дава топката на противникот“, рече Де Бур во интервју за холандски „Телеграф“.

„Пеп е следбеник на Кројф. Тој е таков каков што е денес благодарение на неговиот тренер и ментор Јохан Кројф и сака да му врати нешто на холандскиот фудбал. Тој го кажува тоа во секое интервју. Ова е можност да ја изрази својата благодарност со конкретни дела“, додаде Де Бур.

- Оглас -

Најнови вести