Холанѓаните се педантни, бележат сè и го фалат капитенот Пандев: За него постои само Македонија

Холанѓаните се педантни, бележат сè и имаат интересна опсервација за следниот противник, Македонија, со која Лалињата играат денеска од 18 часот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

Ја претставија Македонија, или како што е новото име Северна Македонија, а и тие се по малку и збунети со новото име и особено со националноста.

„Северна Македонија е новото име на државата, со што е решен тридеценискиот спор со Грција. Сепак, има многу Македонци што не го прифаќаат новото име. Не го сакаат и велат дека им е наметнато. Го забележавте ли Горан Пандев? На секое интервју, изјава и разговор вели Македонија. Тој е икона на македонскиот фудбал и неговиот однос кон државата, со каква љубов игра и како игра и на 37-годишна возраст е голем поттик за народот во оваа мала земја.

И внимавајте, се лутат кога ги нарекувате северномакедонци. Веднаш ќе ве погледнат луто и ќе ве коригираат дека такво нешто не постои ниту во преспанскиот договор. Кога го имате и Пандев зад себе, кој е светска марка во фудбалот, се чини дека имате право и надеж дека идејата за како што велат нивното единствено име Македонија ќе успее. Денеска кај нас на Арената во Амстердам, Горан ќе го игра последниот меч за својата земја и тоа ќе биде емотивен момент за сите Македонци“, објаснуваат новинарите на „nos.nl“.

Последниот меч во Ц групата и за Холандија и за Македонија е речиси ревијален бидејќи Лалињата без разлика на исходот на дуелот од 18 часот, ќе бидат први во групата, а нашата репрезентација ќе го заврши првенството со елиминација во првата фаза.

Покрај Пандев, кој вчера потврди дека ќе го игра последниот меч за Македонија, денеска во Амстердам дуелот со Холандија би можел да биде последен и за селекторот Игор Ангеловски, но и за уште неколку репрезентативци од златната генерација, која за првпат ја стави Македонија на мапата на големите натпреварувања, со учество на ова Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести