Хонда му се нуди на Милан: Сакам да ви помогнам, само јавете се

Кеисуке Хонда нема клуб откако си замина од Мелбурн виктори, а јапонскиот ветеран сега објави интересна содржина на „Твитер“ и му се нуди на Милан.

Италијанскиот гигант е во голема криза, а неговиот некогашен играч се понуди да помогне.

„Секогаш сум тука за вас да помогнам. Јавете ми се ако ви треба помош“, објави Хонда. Јапонецот играше за Милан од 2014 до 2017 година, а потоа си замина во Мексико во редовите на Пачука.

Хонда има 33 години и е во залез на кариерата, па прашање е колку би можел да му помогне на Милан. Претходно му се понуди и на Манчестер јунајтед, клуб кој исто така има скромен старт во Премиер лигата во Англија.

Во целата интернет комуникација, се вклучи и најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој му понуди место на Хонда да игра во Црвено-црниот дрес, но не на Милан, туку на тимот од Градски парк.

 

- Оглас -

Најнови вести