Хонда потпиша за азербејџански клуб кој е добро познат во Македонија

Искусниот јапонски фудбалер, Кеисуке Хонда, денеска беше претставен како нов играч на азербејџанскиот клуб Нефтчи од Баку. Хонда кој има 34 години, се прослави со игрите во ЦСКА Москва и Милан во периодот од 2010 до 2017 година, а во последно време често бара работа и ретко останува во еден клуб подолго од неколку месеци.

После авантурата во Бразил, Хонда се сели во Азербејџан, и до крајот на сезонава потпиша договор со клуб кој има играно против македонски клубови во европските купови. Пред речиси десет сезони, дресот на Нефтчи го носеа екс македонските репрезентативци Славчо Георгиевски и Игор Митрески.

- Оглас -

Најнови вести