Хорор во Турција, колабираше голманот на Сивасспор (Видео)

Екипата на Сивасспор го разби Бешикташ со 3-0, а славјето на фановите малку го помати случката од крајот на првото полувреме, кога лекарскиот тим на домашните се обидуваше да го освести голманот Мамаду Самаса.

Самаса се судри со противничкиот играч Бојд, и додека излегуваше од терен загуби свест, и колабираше на теренот. Долго лежеше на тревата без да мрдне, но брзата реакција и интервенција на лекарите, придонесе тој да се разбуди, иако за малку ќе паднеше уште еднаш.

Ова е сударот и паѓањето на Самаса:

https://twitter.com/i/status/1162811397375504386

Ова е моментот кога Самаса ја загуби свеста и падна како покосен:

https://twitter.com/i/status/1162812148747255810

- Оглас -

Најнови вести