Хрговиќ го нокаутираше дебелиот Мексиканец (Видео)

Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ, дојде до деветтата победа во деветтата борба во професионалната кариера, во третата рунда го нокаутираше Марио Ередија од Мексико, и сега се надева дека ќе добие прилика да се бори за титулата светски првак во тешка категорија.

За да стигне до таму каде што сака, Хрговиќ ќе мора да победи посилни противници од досегашните. Промотерот Еди Херн му вети оти ќе му организира мечеви со противници со повисок квалитет од дебелиот Ередија.

На 7 декември во Саудиска Арабија, Хрговиќ ќе боксува со некој ривал како предигра за главниот спектакл таа вечер, дуелот на Ентони Џошуа и Енди Руиз.

„Сакам Еди да ми најде некој опасен противник. Ако ми закаже дуел со најдобрите, и јас ќе бидам напредувам и ќе бидам најдобар. Подготвен сум за било кој ривал. Со Ередија нозете ми беа мртви во првите две рунди, но знаев дека се ближи крајот. Одработив колку што требаше. Левата рака многу ме болеше, но за среќа, десната ја заврши работата“ – изјави Хрговиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=2F0cTQvpl5I

- Оглас -

Најнови вести