Хрватите полудеа по голот на Пашалиќ за продолженија (Видео)

Хрватска направи вистинско чудо на дуелот со Шпанија во осминафиналето на Европското првенство и со два гола во последните 10 минути стигна од 1:3 до 3:3 и продолженија во Копенхаген.

Мислав Оршиќ со погодок во 85-тата минута намали на 2:3, а потоа Марио Пашалиќ погоди во 93-тата минута за 3:3 и дополнителни двапати по 15 минути на „Паркен“ во Копенхаген.

Тој погодок предизвика вистинска еуфорија кај хрватските навивачи, а ги има многу и на трибините на стадионот во Копенхаген, но и во хрватските градови.

Croatian fans react to Pasalic goal from soccer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести