Хрватска го памети австрискиот дебакл во Осиек, ќе се реваншира во Виена за прво место

1031 Плимут – Ипсвич (Лига 1, Англија, 13.30 часот)

Во Лига 1 денеска се игра само еден меч, а тој е многу привлечен и одлучува која екипа ќе биде лидер по 10 кола.

Ипсвич брка десетка, односно сакаат да останат непоразени на десеттиот натпревар по ред, а и со реми на „Хоум парк“ ќе останат на врвот со 22 бода.

Плимут е во серија од 7 меча без пораз, а ако го победат денешниот гостин тие ќе бидат новите лидери во Лига 1 со 22 бода.

Интересно е што на последните пет меѓусебни дуели Плимут и Ипсвич не одиграле нерешено, па можеби е време за реми.

Предлог тип: Х (3.30)

 

1319 Еибар – Сантандер (Сегунда дивизија, Шпанија, 18.30 часот)

Еибар има цел брзо да се врати во Ла Лига, откако преклани испаднаа од елитното шпанско натпреварување, а во ланската сезона во последен миг го прокоцкаа кам-бекот.

Баските имаат добар тим и се фаворити против клуб што има поголем рејтинг од нив.

Расинг Сантандер е еден од легендарните клубови во Шпанија со 109-годишна традиција и е еден од десетте основачи на Ла Лига.

Веќе 10 години не биле прволигаши, а кубуреа со финансии и дури играа и во Третата лига.

Сезонава ја почнаа скромно и тешко дека во 2022/23 ќе успеат по 45-ти пат да бидат прволигаши.

Целта им е поскромна, да опстанат во Сегунда, па да чекаат нова шанса за кам-бек во Ла Лига.

Еибар на пет меча со Расинг Сантандер во овој милениум нема пораз и типуваме дека пак нема да бидат поразени, а „кецот“ е речиси сигурна варијанта.

Предлог тип: 1 (1.54)

 

6109 Данска – Франција (Лига на Нации, 20.45 часот)

Данска се уште има шанси за првото место, но не зависи сама од себе, туку и од резултатот на Хрватска во Виена.

На Данците секако им треба победа против светските прваци, а Хрватска да не ја победи Австрија за да бидат први во групата и да играат за титулата во Лигата на Нации.

Франција не смее да какулира, бидејќи ако не победи на „Паркен“ во Копенхаген може и да испадне, ако Австрија ја победи Хрватска.

Комбинации во оваа група има многу, но според квалитетот Триколорите не би требало да загубат, па ќе типуваме Х2 во варијанта со најмалку два гола.

Предлог тип: Х2&2+ (1.76)

 

6110 Австрија – Хрватска (Лига на Нации, 20.45 часот)

Хрватите имаат специјални мотиви за последниот меч и со победа на „Ернст Хапел“ во Виена ќе го осигураат првото место во првата група од А сегментот и би се реванширале за незгодниот пораз од 0:3 од Австријците на првиот меч во Осиек.

Тоа е и единствениот пораз на Коцкестите, кои сакаат и да создадат што подобра атмосфера пред стартот на Мундијалот во Катар.

За тоа им е доволна било каква победа против Австрија за да останат во игра за шампионската круна во Лигата на Нации.

И Австрија мора да оди на победа, бидејќи секој друг резултат, па и реми ги води во понизок ранг, односно ќе испаднат во Б сегментот.

И двете селекции не можат да калкулираат, па ќе типуваме дека ќе има најмалку три гола и дека Хрватска ќе и се реваншира на Австрија за поразот во Осиек.

Предлог тип: 2&3+(4.50)

 

1603 Холандија – Белгија (Лига на Нации, 20.45 часот)

Холанѓаните ја декласираа Белгија со 4:1 на гости во првиот меч, а и сега се очекува ефикасно дерби на Бенелукс, овојпат во Амстердам.

Лалињата се во комотна ситуација и можат да загубат и со три гола разлика и пак да бидат први.

Црвените ѓаволи сонуваат голем триумф од 4, или повеќе голови за да останат во игра за титулата во Лигата на Нации.

Холанѓаните со 13 бода можат да играат и повнимателно, со цел да не дојдат во незгодна ситуација да го загубат првото место, а имаат подобра гол-разлика од ривалот за три гола.

Белгијците мора да тргнат во нападот со сите сили од почеток на мечот, бидејќи за прво место им треба голем подвиг и триумф со четири гола.

И двете селекции имаат фудбалски мајстори и одлични индивидуалци, па се чини дека 3+ е загарантиран и добитен избор за овој меч.

Предлог тип: 3+ (1.80) Супер тип на Sport Life

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести