Хрватска на ЕП никогаш не загубила од Грција, нема да загуби ни денес

Освен ракометното Европско првенство, во моментов е актуелен и континенталниот турнир во ватерполо. Денеска во Будимпешта се играат четири четврт-финални дуели, а во фокус е дуелот меѓу Хрватска и Грција. За Коцкестите ова ќе биде јубилеен 100-ти натпревар на Европските првенства, а нивниот досегашен биланс е 60 победи, 10 нерешени и 29 порази.

Во корист на Хрватска оди и традицијата, против Грција досега играле 10 пати на ваквите турнири и имаат перфектен учинок.

„Добро се познаваме со Грците и тешко дека може да постои некакво изненадување. Подвижни се и затоа ќе мора да бидеме агресивни во нападот“, вели селекторот на Хрватска, Ивица Тучак.

Во останатите четврт-финални дуели кои се играат денеска ќе играат: Италија – Црна Гора, Србија – Шпанија и Унгарија – Русија. Како фаворити за пласман во полуфиналето се Италија, Србија и Унгарија, а за понудата за обложување може да проверите на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести