Хрватска никогаш не ја победила Франција, нема ни вечерва

Данска – Англија (фудбал, Лига на нации А, 20.45 часот)

Во првото коло Англичаните освоија три бода и тоа со многу среќа бидејќи можеа да останат само со еден ако Исланд погодеше пенал во 93-та минута, додека Данците немаа шанса на гостувањето кај Белгија. Гордиот Албион повторно гостува и ако успее и тука да се радува, дефинитивно нивните дуели со Белгија ќе го решат победникот во групата. Данска и Англија не играле меѓусебе од 2014 година, а нерешено не било уште од ЕП 1992 година.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.65)

 

Франција – Хрватска (фудбал, Лига на нации А, 20.45 часот)

Ако играат како со Португалија, на Хрватите не им се пишува ништо добро ни на „Сан Дени“ во предградието на Париз. Пред две години ова беше финале на СП, а сега е меч на кој Галските петли треба да ја оправдаат фаворитската улога. Франција славеше минимално кај Шведска, а утна и пенал, сега на домашен терен ќе се обидат да бидат поефикасни, иако нема да игра Мбапе поради коронавирус. Хрватите во својата историја немаат ниту една победа против Франција, а играле шест пати, од кои беа полуфинале и финале на Мундијал.

Предлог тип: 1 (1.68)

 

Шведска – Португалија (фудбал, Лига на нации А, 20.45 часот)

Атмосферата кај Швеѓаните не е добра, не затоа што загубија од Франција, туку имаше контроверзи околу Кулушевски и тоа дали треба да биде стартер или резерва. Од друга страна Португалците и без Кристијано Роналдо демонстрираа моќ против Хрватска. За Шведска проблем плус е што овојпат ќе игра и Роналдо, и ќе треба да мислат како да го запрат. Швеѓаните не ја победиле Португалија 36 години, а последните два меча завршија со 3-2, по еднаш во полза на едните и другите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

Грузија – Македонија (фудбал, Лига на нации Ц, 18.00 часот)

Селекторот Ангеловски има проблеми околу составот, не може да смета на Ристевски кој му е стартер, ниту на Тричковски кој веројатно ќе влезеше, па веројатно ќе смисли некоја поразлична формација од таа против Ерменија. На овој меч треба и да се кријат дел од адутите, бидејќи можно е во Тбилиси против истиот ривал во ноември да играме и финале за влез на ЕП. Македонија никогаш се нема сретнато со Грузијците, па типуваме дека ќе биде потврд меч и оти нема да има премногу голови. И Грузија победи во првото коло, славеше на гости во Естонија.

Предлог тип: 0-2 гола (1.51)

 

Сан Марино – Лихтенштајн (фудбал, Лига на нации Д, 20.45 часот)

Сан Марино е светски рекордер со 100 меча по ред без победа, па ако се следи тој податок, тоа значи дека на овој меч нема да има единица. Но, Сан Марино има историска победа над Лихтенштајн од 2004 година на пријателски меч. Последните два нивни меѓусебни дуели завршија со победи на Лихтенштајн од по 1-0. Лихтенштајн точно две години не знае за победа, тогаш славеше над Гибралтар.

Предлог тип: Т2 2+ (1.90)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Грузија – Македонија Х2 & 2-5 (2.65)

Белгија – Исланд 1 & Т1 3+ (2.20)

Данска – Англија 1+I & 1+ II (1.72)

 

- Оглас -

Најнови вести