Хрватски селектор заврши во притвор по пријава за семејно насилство

Огњен Вукојевиќ, селекторот на хрватската фудбалска репрезентација до 20 години, вчера завршил во притвор по интервенција на загребската полиција откако го пријавиле за семејно насилство. Близок член на семејството го пријавил Вукојевиќ за закани кон неговата сопруга дека ќе ја убие, но и нејзината сестра и мајка.

Хрватските медиуми известуваат дека ексрепрезентативецот дома се појавил под дејство на алкохол и вербално ја нападнал сопругата. Полицијата подоцна извршила претрес во неговиот дом поради сомнежи дека поседува огнено оружје. Вукојевиќ е пуштен на слобода но, забранет му е пристап во домот, односно да не се доближува до сопругата на помалку до 200 метри.

Вукојевиќ инаку е четири години во брак со поранешната мис на Хрватска Андреја Чупор Вукојевиќ. Од фудбалската федерација се очекува да реакција во суспензија за Вукојевиќ од селекторската позиција.

- Оглас -

Најнови вести