И Атлетико си има свој Лингард

Фудбалската јавност го критикуваше Џеси Лингард, фудбалерот на Манчестер јунајтед што во една календарска година не успеа да запише ниту гол, ниту асистенција, иако настапи во голем број од натпреварите под палката на Оле Гунар Солскјер. Но, Англичанецот не е единствен со ваква статистика во топ 5 лигите во Европа.

И Атлетико Мадрид си има свој „Лингард“, а тоа е Тома Лемар. Второто најскапо засилување на Јорганџиите речиси една година се нема радувано на постигнат гол, а ниту успеал да намести погодок на соиграчите. Последно учество во резултат Французинот забележал на 20 април 2019 година против Ејбар, а само четири дена подоцна ја запиша и последната асистенција против Валенсија.

Да не се случеше застојот во фудбалот во Европа кој веќе трае три недели поради пандемијата со Коронавирусот, Лемар во случај да продолжеше со својата пасивност ќе можеше да заокружи една година без учинок. Од последниот гол, Лемар одигра 1.035 минути за составот на Диего Симеоне, за кого во летото 2018 година беа исплатени 70 милиони евра при трансферот од Монако.

- Оглас -

Најнови вести