И Јорганџиите се согласија на 70% скратување на платите

Пандемијата со Коронавирусот направи финансиски хаос во спортскиот свет, а клубовите бараат начини како да опстанат во време на вонредна состојба.

Пред неколку дена Барселона потврди дека сите нивни екипи се согласија да им се намалат платите на играчите до 70 отсто, а сега по ист пример делуваше и Атлетико Мадрид.

И Јорганџиите прифатија 70% намалување на платите со цел клубот да може да ги исплаќа сите 430 вработени додека трае кризата. Тоа значи дека членовите на првиот тим, Б тимот и женскиот тим на Атлетико сите прифатија привремено намалување на примањата.

- Оглас -

Најнови вести