И Лејкерс со прво соопштение по трагедијата

Управата на ЛА лејкерс се огласи за првпат по трагедијата во која животите ги загубија легендарниот Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седуммина патници кои беа во хеликоптерот. По несреќата која се случи во неделата во Калифорнија, кошарката и спортскиот свет останаа без еден од најдобрите на сите времиња, Коби го загуби животот на 41-годишна возраст, додека неговата ќерка имаше само 13 години.

„Уништени, нашите животи засекогаш се сменија со трагичната смрт на Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Нашите мисли се со Ванеса и семејството Брајант, како и со останатите семејства кои исто така ги загубија своите сакани во несреќата. Нема зборови кои може да опишат што Коби значеше за оваа франшиза. Повеќе од кошаркар, тој беше сакан татко, сопруг и соиграч. Нивната љубов засекогаш ќе ја носиме во нашите срца“, пишува на официјалната фан-страница на Лејкерс на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести