И Милер доделуваше награди за „најдобрите“ (видео)

Наградите за најдобрите играчи според позиции во Европа завршија во рацете на тројца членови на европскиот првак Баерн Минхен.

Мануел Нојер е најдобар голман, Џошуа Кимих одбранбен играч, Левандовски е најдобар напаѓач и воедно прогласен за фудбалер на сезоната  2019/20 од страна на УЕФА, додека Кевин де Бројне од Манчестер сити ја разбива баварската доминација.

Меѓу првите кои честитаа за одличјата беше Томас Милер, ѕвездата на Баерн и соиграч на триото Левандовски – Кимих – Нојер. На оригинален начин и на сметка на соиграчите, Милер делеше „награди“ за најдобрите во вид на моркови за своите коњи кои ги именувал по споменатите колеги.

https://twitter.com/FCBayernEN/status/1311710473432305665

- Оглас -

Најнови вести